Првиот човек на Баерн Минхен, Карлхајнц Румениге, во интервју за „Газета дело спорт“ говореше за раководењето со баварскиот гигант. Притоа, Румениге за една од најтешките одлуки што ја има донесено ја посочи онаа за разделба од тренерот Карло Анчелоти.
Италијанскиот стратег доби отказ по убедливиот пораз од 3-0 од ПСЖ во Лигата на шампионите, а Румениге откри дека сегашниот тренер на Наполи се однесувал како вистински господин на тој состанок.
„Се сеќавам кога морав да го отпуштам Анчелоти, тоа ќе го паметам цел живот бидејќи плачев. Карло ја разбра целата ситуација, ми пријде и ме прегрна. Ми рече: ОК, повеќе не си ми шеф, но затоа се уште сме пријатели. Не беше ниту малку лут, тогаш видов колку прекрасна личност е тој човек и почнав да леам солзи“ – истакна Румениге.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА