Румениге: УЕФА мора итно нешто да преземе, кој може да си го дозволи Роналдо на толкава плата?

Поранешниот прв човек на германскиот гигант Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге изрази голема загриженост од најавите за нов бомбастичен трансфер и заминување на Кристијано Роналдо од Јувентус, откако во последниве денови италијанските медиуми жестоко најавуваат негово заминување од „старата дама“.

Јувентус наводно ставил откупна отштета од 25 милиони евра, а Роналдо сака да си замине, но „проблематични“ се неговите 35 милиони евра годишна плата и токму поради тоа Румениге побара УЕФА итно да преземе нешто.

„Тоа што Роналдо би заминал не е некој проблем, проблемот е неговата плата. Заработува 35 милиони евра, што значи треба да издвоите 70 милиони евра бруто. И кој тоа може да си го дозволи? ПСЖ? Можеби некои англиски клубови? Ова не е здраво, ниту вистински начин за напредок. УЕФА мора нешто да направи, мора некако да интервенира. Потребна е регулација на цената, зашто трошоците само растат и ако нешто не се направи во фудбалот, нѐ чекаат многу тешки времиња“, вели Румениге.

Се вчитува...