Роберт Левандовски го зеде Пини Захави за свој менаџер, како јасен предзнак дека полскиот репрезентативец сериозно размислува за заминување од Баерн Минхен. Веднаш се појавија шпекулации за мега-понуда од Реал Мадрид, а интерес искажаа и Челси и Манчестер јунајтед, но челниците на Баерн Минхен јасно ставија до знаење дека немаат намера да го продадат својот најдобар фудбалер.
„Едно треба да биде јасно, од Баерн си оди само тој што ние како управа сакаме да си оди, или пак некој кому договорот му истекува. Во 2008 година Челси тргна лудо по Франк Рибери, ни понуди 80 милиони плус Босингва. Без размислување одбивме и на сите им покажавме дека не може кој кога сака да купува играчи на Баерн. Тоа беше наш став пред десет години, тоа е наш став и сега“ – изјави Карлхајнц Румениге.
Во меѓувреме, баварскиот гигант ја продолжува потрагата по нов тренер, а најново име што се поврзува со преселба на “Алијанц Арена“ е Луцијан Фавр од Ница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА