Данскиот тенисер Холгер Руне говореше дека негова желба е Роџер Федерер да стане негов тренер. Доаѓањето на Енди Мареј во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ отвори многу интересни теми, меѓу кои и тренерскиот потенцијал на другите великани.
Надал штотуку ја заврши кариерата, а веќе се зборува за него како тренер на Карлос Алкараз. Тука е и Федерер, кој со години е во пензија, а младиот Руне беше прашан кој сака да стане негов тренер.
„Искрено, не ми треба друг тренер во моментов, но јас сум голем фан на Роџер Федерер, па што да не! Иако, мислам дека тој не е заинтересиран во моментов“, рече Руне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

