Данскиот тенисер Холгер Руне е вториот финалист на АТП мастерс 1000 турнирот во Монте Карло, откако вечерва во крајно интересен натпревар славеше над Италијанецот, Јаник Синер со 2-1 по сетови 1-6, 7-5 и 7-5.
Италијанецот фуриозно го отвори натпреварот и брзо го освои првиот сет со 6-1. Сепак, Данецот заигра многу подобро во вториот сет кој го освои со 7-5 и израмни на 1-1. По голема борба во одлучувачкиот трет сет со истиот резултат успеа да стигне до конечен триумф и пласман во своето прво финале во Кнежевството.
Таму за противник ќе го има Андреј Рубљов кој во првото полуфинале беше подобар од Тејлор Фриц од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

