Руне прв финалист во Рим

Данскиот тенисер Холгер Руне се пласираше во финалето на АТП турнирот во Рим, откако со пресврт го совлада Каспер Руд од Норвешка со 2-1.

Руд го доби првиот сет со тај-брејк, а потоа следуваше враќање на Руне, и пласман во натпреварот за големиот пехар.

Руне во финалето ќе игра со подобриот од Медведев – Циципас, кои играат во 16:20 часот.

Се вчитува...