Данскиот тенисер Холгер Руне се огласи околу својата соработка со легендарниот германски тенисер, Борис Бекер.
Младиот тенисер по УС Опен откри дека ја прекинал соработката со Патрик Муратоглу после девет месеци, најавувајќи го Бекер уште по нивната средба во Монте Карло.
„Беше одлично за мене што имав можност да разговарам со некој кој освојувал толку многу титули. Борис долго го познавам. Тој следи се во тенисот, и неколку пати ми пишуваше. Кога бев помлад ми даваше совети и постојано ме поддржуваше“ – вели Руне.
Руне во моментов е во резултатска криза, веќе падна на шестото место на АТП листата, а до крајот на сезоната треба да го брани трофејот во Шведска, финалето во Базел и титулата во Париз.
„Борис го одбрав затоа што точно знае како се чувствувам. И самиот бил во ваква ситуација како мојата, минал низ тој пат и сигурно може да ми помогне“ – дополнува Руне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

