Селекторот на Англија, Герет Саутгејт е на жесток удар во домашната јавност за игрите кои ги демонстрира неговата селекција на ЕВРО 2024.
Англичаните имаа две бледи изданија против Србија и против Данска, кои воопшто не одговараат за големиот број ѕвезди кои се во тимот на Саутгејт. Затоа и легендарниот Вејн Руни е без пардон за Саутгејт изнесувајќи ги своите критики.
Според Руни „недостасува искуство во средниот ред“, а најголемата грешка е што Саутгејт не го зеде во Германија и Џордан Хендерсон, некој кој и тоа како би допринел за агресивниот пристап на англиската игра, кој и тоа како недостасува.
„Мораше да го викне во составот и Хендерсон. Мислам дека и самит Саутгејт сега гледа зошто. Но, тоа е одлука на селекторот и мора да ја почитуваме. Да се надеваме, сепак, на најдоброто за репрезентацијата до крајот на првенството“ – вели Руни.
34-годишниот Хендерсон испадна од комбинација откако го напушти Ливерпул и се пресели во Саудиска Арабија. Во меѓувреме се врати во Европа, и потпиша за Ајакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА