Руни без влакна на јазикот: Роналдо сега не е толку добар фудбалер, но сигурно продолжува да ви ги „кине“ нервите

Екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед и некогашен соиграч на Кристијано Роналдо, Вејн Руни проговори за соработката со Португалецот и инцидентот на мундијалот во 2006, кога КР7 „го намести“ својот колега од Јунајтед да добие црвен картон на пресметката помеѓу Португалија и Англија.

Руни и Роналдо пет години играа заедно во тимот на Манчестер јунајтед и освоија многу трофеи, помеѓу кои три во Премиер-лигата и еден во Лигата на шампиони.

„Роналдо е супер фудбалер, ама знае да ве „пецне“ и да ви ги „искине“ нервите. Сега можеби не е толку добар, но сигурно продолжува да „кине“ нерви“ – вели Вејн Руни со насмевка на лицето.

Нивниот однос беше ставен на тест во 2006, кога на мечот помеѓу Португалија и Англија на мундијалот, КР7 „го намести“ својот соиграч да добие црвен картон.

„Немав никаков проблем со Роналдо, разговаравме во тунелот кон соблекувалните. Му кажав, немам ништо против тебе поради тоа што ме намести да ме исклучат. И јас во првото полувреме се обидував тој да добие жолт поради глума. Сите знаат, тој обожава да глуми … Видeте, јас сум Англичанец, тој е Португалец. Кога го носиме националниот дрес, пет пари не давам за него, тој не ми е пријател … Но кога ќе заврши натпреварот, повторно сме пријатели“, потенцираше Руни.

Се вчитува...