Руни брутално искрен: Бев пијан со денови, само на тој начин се „лекував“ од притисокот во фудбалот

Некогашниот славен напаѓач на Манчестер јунајтед, денестренер на Дерби каунти, Вејн Руни отворено призна дека не му било лесно како фудбалер. Кога бил тинејџер знаел да се опие за да може да се носи со притисокот.

На 16 години тој заигра за Евертон, влезе во репрезентацијата и беше цел на сите големи клубови, а потоа стана легенда на „црвените ѓаволи“.

„Тоа што морав да се носам со фактот дека со 16 години бев премиерлигашки фудбалер и репрезентативец не беше нешто на што бев подготвен. Никогаш не размислував за другата страна на животот на фудбалерот. Ми требаше многу време да се навикнам на сето тоа и да научам да се носам со ситуацијата. Беше тешко, често сам се затворав во соба и се опивав по неколку дена. Луѓето знаат дека сакам да се напијам кога сум излезем, но ова беше повеќе од тоа. Стануваше збор за работи кои се собираа во мојата глава, целиот тој притисок од играњето за мојата земја, за Манчестер Јунајтед, притисокот од медиумите кои го следеа мојот приватен живот.“ – открива Руни.

Руни откри дека првите неколку години во Јунајтед, често знаел да се изолира и да не излегува.

„Беше тоа во периодот кога добивавме неколку слободни денови. Знаев да се изолирам и да пијам со денови за да престанам да размислувам за сите тие работи. Ми помагаше да заборавам на проблемите со кои се борев“, додаде Англичанецот.

Се вчитува...