Руни е подготвен летово да се врати во Евертон

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, е подготвен да го напушти „Олд трафорд“ во летниот преоден рок и да се врати во својот матичен клуб Евертон. Иако за ова се уште нема официјална потврда, Руни веќе се одлучил на ваков чекор, пишуваат медиумите на Островот. Тој се помалку добива шанса од менаџерот Жозе Мурињо, а следната сезона доколку остане минутажата би му била ограничена уште повеќе.

Оттаму, Руни е подготвен да се врати на „Гудисон Парк“, јаде го имаше своето деби во Премиер – лигата и каде ги постигна првите голови во англискиот шампионат. Тој има богати понуди и од Кина, но најверојатно нема да ги прифати, туку ќе се согласи за враќање во Евертон. Менаџерот на „карамелите“, Роналд Куман, јавно истакна дека вратата за Вејн Руни во Евертон е отворена и тој би бил големо засилување за неговиот тим.

Се вчитува...