Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни жестоко ги нападна фудбалерите на „црвените-ѓаволи“, велејќи дека се кукавици, кои секогаш се кријат зад некого.
„Тие секогаш кукавички се кријат зад некој друг. За игрите и поразите на теренот, секогаш им е крив некој друг, а и нивното однесување на социјалните мрежи не е за пофалба. Не можам да поверувам дека после пораз можат да рекламираат парчиња на облека, средства за после бричење, или било што. Немам ништо против користење на социјалните мрежи, но тоа да го правам по поразот на тимот чии брои ги бранам, тоа е недозволиво“, изјави Руни.
Руни за 13 години поминати во Манчестер Јунајтед запиша 393 настапи на кои постигна 183 гола, а моментално ги брани боите на тимот од МЛС лигата ДС Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА