Руни го избра идеалниот соиграч и ги изненади фановите

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни откри кој му бил најдобар соиграч во кариерата.

Англичанецот од 2004 до 2017 година освои се што можеше да освои со клубот од „Олд Трафорд“ (вкупно 16 трофеи), а за идеален партнер го избра Карлос Тевез.

Аргентинецот го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ од 2007 до 2009 година, кога се пресели во градскиот ривал Манчестер Сити.

„Тевез беше оној со кој најмногу уживав играјќи како напаѓач. И двајцата одлично се надополнувавме од самиот почеток … Јас и Карлос постојано можевме да менуваме позиции – можев да играм или ‘девет’ или ‘десет’. Кога ја губевме топката, бевме како два бикови кои веднаш се обидуваа да се вклучиме во борбата за неа“, потенцираше Руни.

Триесет и шестгодишниот Руни одигра 559 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 253 гола со 146 асистенции. Некогашниот одличен голгетер денес работи како тренер на ДЦ Јунајтед.

Се вчитува...