Џејдон Санчо беше откровение во Бундес-лигата минатата сезона, откако младиот англиски офанзивец блескаше во дресот на Борусија Дортмунд. Веднаш на негова адреса пристигнаа бројни понуди за враќање назад во татковината, но легендата Вејн Руни смета дека Санчо ќе згреши ако се врати во Премиер-лигата.
„Откако сум во САД повеќе гледам и други лиги освен англиската. Можам да кажам дека во германската им се дава поголема шанса на младите фудбалери, што многу ми се допаѓа. Видете го само Санчо, каков напредок имаше во овие 12 месеци, уживав кога го гледав. Сега има понуди и сигурно се прашува дали треба да се врати назад во Англија… треба да знае дека кога си млад, највано од се е да играш и да продолжиш да се развиваш. А Санчо го прави токму тоа во Дортмунд. Дали би добивал иста шанса и во Англија или ќе седи на клупата? Тоа никој не го знае и затоа не смее да ризикува, за него најдобро во моментов е да остане во Борусија“ – истакна Руни во изјава за германскиот весник „Билд“.
Санчо во дебитантската сезона во дресот на „милионерите“ постигна 12 гола и имаше 17 асистенции. Тој е под договор со Борусија до 2022 година, доби и понуда за продолжување на соработката, но се уште тактизира со потпишувањето на нов договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА