Манчестер Јунајтед го претрпе 14 пораз во Премиерлигата откако во дербито на 37. коло загуби на домашен терен од Арсенал со 0-1.
Еден од оние кои го прокоментираа натпреварот беше и поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни кој изјави дека доколку и самиот не би сакал да игра за Манчестер Јунајтед околку тренер му е Ерик тен Хаг.
„Мислам дека добар дел од играчите едвај го чекаат крајот на сезоната. Кога тренерот ви збори за односот и тоа како дел од играчите не треба да играат за Манчестер Јунајтед, тоа е голема навреда. Да сум јас на ниво место и мојот тренер да ми го каже тоа сигурно нема оставам на тоа да заврши сезоната“, изјави Руни.
Руни важи за една од легендите на Манчестер Јунајтед. За „црвените ѓаволи“ настапуваше од 2004 до 2017 година настапувајќи на 559 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА