Руни и официјално претставен како нов тренер на Ди-Си Јунајтед (ФОТО)

Вејн Руни како што се очекуваше и официјално е именуван за нов тренер на Ди-Си Јунајтед. По заминувањето од Дерби минатиот месец, Англичанецот потпиша договор за својата втора тренерска работа.

Руни истакна дека не го интересираат критиките кои следат по неговата одлука.

„Сум видел неколку написи, се разбира од Англија, кои ја оценуваат оваа моја одлука како назаден чекор во мојата кариера. Мислам дека тоа покажува непочитување кон МЛС“, изјави Руни.

Руни изјави и дека имал понуди од уште неколку клубови, како од Англија така и други европски лиги и дека пред понудата од Америка размислувал да паузира.

„Кога агентот ми кажа за повикот од Ди-Си, не размислував премногу и всушност донесов брза одлука“, заклучил тој.

Легендата на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација, помина 18 месеци како играч во Ди-Си Јунајтед пред да се врати како играч во Дерби, каде ја започна својата менаџерска кариера.

 

 

 

 

Се вчитува...