Поранешниот фудбалер на англиската репрезентација Вејн Руни, верува дека сегашниот голгетер Хари Кејн ќе стане најголемиот играч на Англија на сите времиња.
Кејн досега има 112 натпревари за Англија, и го става на петтото место на листата по бројот на најмногу настапи, но ако продолжи вака, тогаш ќе го достигне легендарниот Питер Шилтон, кој со 125 настапи во моментов е рекордер по бројот на натпревари за „Гордиот Албион“.
„Тој сега има најмногу голови, но убеден сум дека ќе има и најмногу настапи. Ќе го сруши рекордот, сигурен сум. Сега заостанува само 13, а пред него има уште за играње“, рече поранешниот голгетер на Манчестер Јунјатед.
Кејн со 78 голови во моментов е лидер по бројот на постигнати голови во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

