Руни користи видео играта за трансфери во Ди-си Јунајтед, досега оствари петнаесет

Вејн Руни веќе година дена е на клупата на американскиот прволигаш Ди-Си Јунајтед. Неговиот тим се бори за влез во плеј-офот, но овој пат легендарниот англиски фудбалер не е во фокусот поради настапите на клубот, туку поради трансфер политиката.

Имено, во интервју за „The Times“ тој откри дека за досегашните петнаесет трансфери ја користи помошта на видео играта „Football Manager“.

„Најголемиот дел од играчите кои ни се на радар играат во Јужна Америка. Имаме договор со „Football Manager“ по кој ние им даваме реклама, а тие нас пристапот до нивните скаути. Сега 11 или 12 од нив соработуваат со нас. Тие се насекаде низ светот и ни помагаат во креирањето на играчите. Жозе Мурињо го правеше тоа во минатото и имаше голем успех“, открива Руни.

Се вчитува...