Руни одговори на навредите од Роналдо и ги изненади сите…

Кристијано Роналдо изминатата недела го шокираше фудбалскиот свет со навредливите изјави на сметка на Манчестер јунајтед но и свои поранешни соиграчи, меѓу кои беше и Вејн Руни.

Меѓу оние кои добија навреди од Роналдо посебно се истакнува Руни. Португалецот го исмејуваше дури и физичкиот изгледа на Руни, за да Англичанецот по неколку денови господски одговори на сето тоа не сакајќи да се впушта во расправа со португалскиот репрезентативец, што е и тоа како изненадувачки…

„Слушајте, Роналдо е фантастичен играч и како што и претходно кажав тој и Меси се веројатно веројатно најдобрите фудбалери на сите времиња. Повторно, пак, ќе кажам дека ова не е критика, но и претходно реков дека сите нас едноставно на крајот не стигнуваат годините. Роналдо знае дека сега мора да се бори и со тоа“ – рече Руни и дополни:

„Ете, го даде тоа интервју кое го обиколи светот и навистина е чудно сето тоа што го кажа, чудно е. Сигурно од Манчестер јунајтед го следат сето тоа и ќе има некој потез од нивна страна. Немам што друго да кажам на таа тема“.

Се вчитува...