Англиската фудбалска асоцијација (ФА) покрена три постапки против менаџерот на Плимут, Вејн Руни за употреба на навредлив јазик и насилно однесување кон официјалните лица на натпреварот.
На натпреварот против Блекбурн, Руни заработи исклучување кон крајот на натпреварот поради енергични протести кон судијата.
ФА соопшти дека Руни бил обвинет за употреба на „навредлив јазик“, а потоа „непримерно и/или насилно однесување“ по црвениот картон, плус недолично однесување по враќањето на теренот по натпреварот.
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и англиски репрезентативец доби една недела да одговори на обвинувањата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА