Руни презема тим од МЛС лигата

Поранешниот славен англиски фудбалер Вејн Руни, би можел да биде менаџер на тимот на Ди Си Јунајтед. 36-годишниот Руни играше во овој тим од 2018 до 2019 година, и сега води преговори да биде тренер на екипата.

Ди Си Јунајтед бара тренер откако се наоѓа на слабото 17-то место во источната конференција на МЛС.

Руни беше на чело на Дерби. Во јуни го напушти кормилото откако тимот испадна од Чемпионшип и поради финансиски проблеми. На Дерби му беа одзедени бодови, и токму поради тоа се пресели во Лига 1. Тоа беше прво искуство како тренер на екс играчот на Манчестер Јунајтед и Евертон.

Се вчитува...