Руни: Рашфорд ќе го предводи Манчестер Јунајтед до голем број трофеи

Маркус Рашфорд ја продолжи верноста кон Манчестер Јунајтед потпишувајќи нов долгогодишен договор со кој ќе остане во клубот најмалку до 2028 година.

По потписот на истиот репрезентативецот на Англија не го криеше задоволството изјавувајќи дека ќе даде се од себе за да го врати клубот онаму каде што припаѓа, а во тоа верува и легендарниот фудбалер на „црвените ѓаволи“, сегашен терен на Ди-Си Јунајтед, Вејн Руни.

„Мислам дека тренерот Тен Хаг направи одлична работа откако дојде во клубот претходната сезона. Се гледа дека прави состав по негов вкус и менталитет. Мислам дека Маркус Рашфрод е неверојатен талент и воодушевен сум што потпиша нов договор и следните пет години ќе бидат многу важни за неговото наследство ако успее да постигне уште многу голови. Мислам дека може да го води Јунајтед до многу трофеи“, вели Руни кој 13 години од својата кариера ги помина на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...