Руни: Роналдо е бесен

Легендата на Манчесте Јунајтед Вејн Руни, смета дека Кристијано Роналдо треба да го прифати фактот дека не е повеќе играч каков што бил во минатото. Руни и Роналдо играа заедно во таборот на „црвените ѓаволи“ од 2004 до 2009 година.

Екс англискиот фудбалер кажа дека го познава Роналдо и дека сигурно му е тешко што седи на клупата.

„Очигледно дека не е играч каков што беше пред 10-15 години. Не му е лесно тоа го прифати. Тренерот има свој план за успех, а тој план е поинаков од замислите на Роналдо. Кристијано и Лионел се двајцата најдобри играчи на сите времиа, но времето сите ги стигнува. Го познавам, тешко му е да седи на клупата“, рече Руни. 

Тој му порача на Португалецот да биде стрплив.

„Сигурен сум дека неговата шанса ќе дојде. Мора да искористи и самиот да го осигура своето место во првите 11. Лут е кога не игра, сака да биде на тревникот. Но, дали е среќен не е прашање. Вистинското прашање е каков е на тренинзите и како е расположен“, изјави Руни. 

Се вчитува...