Напаѓачот на Евертон, Вејн Руни, би можел да си замине од „Гудисон парк“ по само една сезона. Тој минатото лето од Манчестер јунајтед се врати во Евертон, но се чини дека многу е веројатна опцијата да замине во МЛС – лигата на САД.
За Вејн Руни е заинтересиран клубот ДЦ Јунајтед. Како што најавуваат американските спортски медиуми, преговорите се влезени во завршна фаза и се очекува трансферот да биде реализиран. Тој оваа сезона настапи на 31 натпревари во дресот на Евертон и постигна десет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА