Ерлинг Халанд блеска во Премиерлигата со 11 гола и 1 асистенција на 7 натпревари, одличен е и во Лигата на шампионите каде на 2 средби даде 3 погодоци.
Норвежанецот ја импресионираше пошироката фудбалска јавност, но и легендите како што е Вејн Руни.
„Да се гледа Халанд како игра е неверојатно. Очигледно ќе постигнува голови, како што тоа го правеше во Дортмунд, но мислам дека тој ја прави разликата во Сити. Мислам дека е уникатен, препознатлив, има присуство на и надвор од теренот, мислам дека ќе биде апсолутна суперѕвезда“, потенцираше Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

