Руни со совет до Јунајтед: Време е за промени, ослободете се од Роналдо и Погба!

Екс-фудбалерот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни даде своја анализа за моменталните случувања на „Олд Трафорд“, па потенцираше дека е време за промени. Англичанецот истакна дека стручниот штаб треба да повлече голем потег и да се ослободи од Кристијано Роналдо и Пол Погба.

Руни најпрво зборуваше за Погба, истакнувајќи дека Французинот подолго време ја нема формата од славните времиња во Јувентус.

„Мислам дека е подобро Погба да замине, да си најде нов клуб. Доколку Пол е искрен со самиот себе, знае дека не ја направи разликата што сакаше да ја направи кога се врати во Манчестер јунајтед. Го гледам во дресот на Франција и тој е сосема различен фудбалер таму. Во репрезентацијата секогаш покажува што умее, каква визија и контрола на натпреварот има. Во Манчестер јунајтед не успеа да се снајде“, изјави Руни.

Руни одговори и на прашањето дали Кристијано Роналдо ја направил разликата која се очекувала во Јуанјтед.

„За жал во овој момент ќе кажам не! Постигна важни голови во Лигата на шампиони и Премиерлигата, постигна хет-трик против Тотенхем, но доколку размислувате за иднината на клубот, морате да одите со млади и гладни за успех играчи кои ќе го подигнат нивото на игра во следните две-три години. Кристијано не е играчот кој беше пред десетина година. Да, тој секогаш е опасност по противничкиот гол, но во останатиот дел од мечот, потребно е повеќе“, потенцираше Вејн.

Се вчитува...