Руни со ултиматум до Евертон: Или јас или Алардајс

Вејн Руни има на маса примамлива понуда од ДЦ Јунајтед за трансфер во МЛС-лигата, но е подготвен истата да ја одбие доколку Евертон реши да го отпушти Сем Алардајс. Поранешниот репрезентативец е во војна со екс-селекторот на „гордиот албион“, откако Алардајс јавно проговори за слабата форма на голгетерот, по што тој премногу ретко добиваше шанса во стартниот тим на Евертон.

Во прилог на Руни оди фактот дека и голем дел од фановите не се задоволни од играта на тимот и резултатите под водство на искусниот стратег, па сега врши притисок врз управта да се раздели од овој стручњак. Како што јавува весникот „Мирор“, тој веќе упатил ултиматум до челниците на клубот, веднаш по завршувањето на сезоната да биде донесена одлука, Евертон да избере меѓу него и Алардајс.

На потег се „карамелите“, кои според британските медиуми се поблизу до избор на тренерот пред голгетерот, со оглед на фактот дека Руни е најплатен фудбалер во екипата, но со своите игри по враќањето од Манчестер не успеал да се наметне како вистински лидер.


Комерцијално видео

Се вчитува...