Вејн Руни летово се врати назад во Евертон, што му дава шанса за исполнување на голема желба – како член на „карамелите“ на едно градско дерби да му даде гол на Ливерпул. Англискиот ветеран му има постигнато погодоци на тимот од „Енфилд“, но во дресот на Манчестер јунајтед, но како играч роден во Ливерпул знае колкаво е значењето на градската пресметка, што утре ќе се игра на „Енфилд роуд“.
Руни пред заминувањето за Манчестер (во 2004 година) имаше четири можности да се радува против „црвените“, сепак на ниту еден од нив голгетерот не успеа да се запише меѓу стрелците, ниту пак Евертон да победи (две реми и два порази).
„Кога решив да одам во Јунајтед, фактот дека не му дадов гол на Ливерпул беше една од ретките работи за кои жалев. Еве, сега ќе ми се укаже нова можност. Се надевам дека ќе постигнам гол, но уште поголема ми е желбата да славиме на овој натпревар“ – изјави Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА