Англија и Шпанија вечерва во 21 часот на „Олимпискиот стадион“ во Берлин ќе се сретнат во финалето на Европското првенство.
Шпанците ќе ја бараат својата четврта европска титула, со што ќе ги надминат Германците и ќе бидат осамени на врвот, додека Англичаните го бараат своето прво европско злато.
Вејн Руни, легендарниот англиски напаѓач и најдобриот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, го најави мечот за шпанските медиуми. Руни, кој стана ѕвезда на Европското првенство пред 20 години во Португалија, истакна двајца фудбалери како главна закана за Англија.
„Ламине Јамал ме потсетува каков бев на Еуро 2004 – тинејџер кој игра одлично. Нико Вилијамс е исклучителен, ме потсетува на Кристијано Роналдо кога беше млад. Тој ја зема топката и понекогаш премногу се труди и сака сè одеднаш, но обично носи правилни одлуки. Тој е неверојатна закана во ситуации еден на еден, а исто така постигнува голови. Англија ќе треба добро да се брани по крилните позиции против Шпанија бидејќи двете млади крила се нивната главна закана. Англија мора да биде многу внимателна“, изјави Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА