Флоријан Вирц минатото лето се одлучи да ја промени средината и ја одбра понудата на Ливерпул каде реализираше трансфер вреден 116 милиони евра.
Очекувањата за младиот Германец се огромни на „Енфилд“ особено по рекордната сума издвоена за негов ангажман, но засега кариерата во „црвениот“ дрес не му оди во најдобар можен правец.
Вирц се уште се бара во Премиерлигата, често на штета на неговите соиграчи па засега нема одиграно ниту еден целосен натпревар. Против Евертон беше дел од клупата по што беше и критикуван од страна на легендарниот Англичанец Вејн Руни.
„Не може да кажеме дека не му е тешко, во тоа нема сомнеж. Ќе мора да „копа“ длабоко во себе и да се обиде да се поправи и да се обиде да се пронајде. Мислам дека игра добро, но кога ќе доведеш неколку нови фудбалери како што направи Ливерпул, а тие практично ангажираа целосен нов напад. Мо Салах е се уште тука и сега сите се натпреваруваат за своето место.
Мислам дека Вирц е тој на кој не му оди најдобро. Мислам дека има големи способности, но не гледам место за него во тимот. Многу пари е платено за него, а се чини дека го нарушува балансот на начинот на кој игра“, вели Руни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

