Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо оваа сезона игра одлично соборувајќи и бројни рекорди пред себе.
Португалецот синоќа во победата на Реал против Селта од 4-1 постигна два гола, на тој начин соборувајќи уште еден рекорд. Стана најдобриот стрелец во историјата на петте најсилни фудбалски лиги во Европа. Роналдо на своето конто сега има 368 првенствени гола во кариерата, престигнувајќи го англискиот интернационалец Џими Гривес, кој рекордот си го чуваше 46 години.
Англичанецот своите голови ги постигна во дресот на Челси, Тотенхем, Вест Хем и Милан, додека Роналдо како фудбалер на Манчестер јунајтед и Реал Мадрид. За Јунајтед постигна 84 гола на 196 натпревари, додека за „кралевите“ – 284 погодоци на 264 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА