Рушиме Гинисов рекорд со најдолга презентација пред инвеститори

Инвестициски капитал постои за бизниси од нашава држава, но нема доволно идеи спремни за инвестиција. Tажното е што еден дел од идеите не стануваат никогаш спремни за инвестиција бидејќи нивното валидирање побарува големи ресурси, но имаат голем потенцијал за развој и скалабилност подоцна.

За таа цел се организира рушење на Гинисов рекорд за longest pitch marathon на кој ќе се претстават над 90 бизнис идеи пред шест члена комисија и најдобрите ќе добијат инвестиција во износ од 25.000 евра. Целта е со помош на оваа инвестиција да се валидираат и развијат идеите и спремат за странските инвестициски пазари. За да се сруши овој рекорд потребно е настанот да трае над 30 часа, каде секоја идеја ќе добие време од 10 минути за презентација.

Koj може да биде дел?

  • Претприемачи кои имаат само идеја која сакаат да ја развијат

  • Постоечки бизниси кои сакаат да ја претстават својата идеја пред јавноста

  • Инвеститори кои сакаат да дојдат до супер таленти

Кој стои позади овој настан?

Зад организацијата на овој настан стои компанијата Нетворкер која и самата има започнато како иновативна бизнис идеја. Искуството на Нетворкер е токму во развивање на иновативни бизнис идеи преку досегашните спроведени 50+ google design sprint работилници и браинстормирано над 1000 бизнис идеи. Компанијата Нетворкер постои за да ја развие следната генерација на стартапи кои имаат потенцијал да го менуваат општеството, спојувајќи претприемачи, интересни идеи и инвестициски капитал.

Покрај Нетворкер, поддржувачи на овој настан се: Monday Digital Agency, Widnet Solutions, AIESEC, Junus Centre at Faculty of Economics- Skopje, Macedonian Business Angels, Pikon Opus Investment, Startup Macedonia и уште многу други ентузијасти.

Со организирање на овој настан добиваме можност да срушиме еден интересен Гинисов рекорд во нашата држава, да влеземе во книгата на славните, а секоја бизнис идеја да добие можност да биде видена, слушната, можност да биде реализирана и можност да постигне успех од светски размери.

Дали и ти си еден од нив?

Пријави се на линкот :))

Комерцијален текст

 

 

Се вчитува...