Рушту се бори за живот: Кожата и усните му станаа сиви…

Животната борба на Рушту Речбер продолжува, поранешниот турски репрезентативец се наоѓа на интензивна нега, во тешка состојба откако се зарази од коронавирусот. Неговата сопруга Исил преку писмо до јавноста откри детали од симптомите што легендарниот голман ги покажал во изминатите денови.

„Последните 72 часа беа многу тешки, се надевам дека сега работите ќе тргнат на подобро. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Тие први 72 часа се најважни, со денови имаше температура, чудни симптоми што никогаш во животот не ги осетил. Страшна изнемоштеност, губење на апетит. Кожата и усните му станаа сиви, се бореше за воздух, не престануваше да кашла. Тој не можеше ни да зборува“, напиша Исил.

Лекарите не даваат конкретни изјави за легендарниот голман, но во неговото семејство владее оптимизам дека Рушту ќе успее да ја добие најважната битка, токму поради фактот дека успеал да ги издржи најтешките први 72 часа.

Се вчитува...