Русија ефект: Боксот пред исклучување од Летните Олимписки Игри во САД!?

Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) веќе размислува сериозно да го исклучи боксот од програмата на Олимписките игри во 2028 година, кои се закажани на програмата во САД, Лос Анџелес.

Спорд Кит Меконел, спортскиот директор на ИОК, Кит Меконел, состојбата на работите во Меѓународната боксерска федерација (ИБА) е причина за сериозна загриженост. И тоа само затоа што претседател на таа организација е Русинот Умар Кремлиев.

ИОК претходно ја суспендираше ИБА од одржување на квалификациските натпревари за Олимписките игри 2024 година во Париз. Меѓу проблемите кои го загрижуваат ИОК се и зависноста на ИБА од Гаспром и зголеменото влијание врз федерацијата од Москва, пишуваат медиумите.

На 25 септември треба да се одржат повторени избори за претседател на Меѓународната боксерска федерација. Покрај Умар Кремлинов, за претседателската функција ќе се бори и Холанѓанецот Борис ван дер Ворст.

Се вчитува...