По машката репрезентација и женските одбојкарки на Русија славеа над големиот ривал Соединетите Американски Држави во 4. коло од турнирот на Летните олимписки игри во Токио.
Русинките тотално го надиграа противникот и стигнаа до лесна и убедлива победа од 3-0, по сетови 25-20, 25-12 и 25-19.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Наталија Гончарова со 26 поени, додека кај Американките само по седум имаа Џордан Ларсон и Хејли Вошингтон.
Во првиот меч од денешната програма Домениканска Република без проблеми славеше над Кенија со 3-0 (25-19, 25-18 и 25-10).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА