Русија го прогласи Гари Каспаров за терорист!

Легендарниот шахист Гари Каспаров се најде на најновата листа на лица прогласени за „терористи и екстремисти“ од страна на руските власти.

Повеќекратниот светски првак во шах важи за еден од најгласните критичари на претседателот Владимир Путин, а поради стравот од тужба и затворска казна во 2013 година си замине од Русија и се пресели во САД. Тој од американско тло продолжи да го критикува Путин за неговата инвазија на Украина, а го поврза рускиот претседател и со смртта на Алексеј Навални.

„Путин не успеа да го убие навални тивко и тајно со отров, па затоа сега го уби полека и јавно во затвор“, напиша неодамна Каспаров на својот твитер-профил.

Каспаров во 2022 година беше прогласен за „странски агент“ од Русија, епитет што најчесто се дава на противниците на политиките на Путин, новинари, активисти за човечки права. Сепак, по најновите критики на адреса на власта името на Каспаров се најде на листата „терористи“ кои ќе бидат уапсени при самото влегување државата, кога и тоа да се случи.

Се вчитува...