Русите имаат план како нивните клубови да играат на меѓународна сцена

Руските фудбалски клубови но и репрезентации се суспендирани од УЕФА поради инвазијата врз Украина. Големо прашање е до кога ќе траат санкциите, а под голем знак прашалник е иднината на клубовите кои практично живеат од настапите на меѓународна сцена и собираат пари од спонзори, ТВ права, навивачи…

Најновите информации велат дека Русија размислува да повлече потег со кој ќе ги врати своите клубови на меѓународната сцена, но прашање е дали ќе дозволи таа идеја да се реализира.

Русија сега размислува да пристапи кон Азија и тамошниот фудбал, со што нивните тимови би играле во азиската Лига на шампиони, која што се игра по примерот на Лигата на Европа.

Доколку дојде до реализација на оваа идеја, тогаш руските клубови без сомневање ќе бидат главни фаворити за освојување на трофеите, иако некои мислат дека не е така.

„Преминот во азиската фудбалска конфедерација ќе биде од голема корист на рускиот фудбал. Но, ако некој мисли дека Русија ќе освои се што може да се освои, се лаже“, рече поранешниот селектор на Узбекистан, Вадим Абрамов.

Се вчитува...