Русија ја растури Франција за злато во Светската лига

Репрезентацијата на Русија е победник на Светската лига во одбојка, откако „зборнаја“ одигра феноменално на Ф6 турнирот што во изминатата седмица се одржуваше во Лил, Франција.

Откако вчера го декласираа Бразил со 3-0, руските одбојкари предводени од Михајов одиграа фантастично и во големото финале против Франција, совладувајќи го домаќинот со максимални 0-3. Првиот и вториот сет минаа во апсолутна руска доминација, Французите дури пред крајот на сетовите се враќаа за пристојни 22-25 и 20-25. „Триколорите“ заиграа многу подобро во третиот сет, имаа и предност од 16-13, но руската репрезентација одигра најдобро кога беше најважно, добивајќи го сетот со 23-25 за кревање на шампионскиот трофеј во ова врвно натпреварување.

Бразил неочекувано остана без медал откако „кариоките“ го загубија и малото финале, овојпат од селекцијата на САД со 0-3 во сетови (21-25, 26-28, 26-28).

Се вчитува...