Русија ќе биде домаќин на најдобрите светски одбојкари во 2022

Светското првенство во одбојка во 2022 година ќе се одржува во Русија објави Светската одбојкарска федерација. Одлуката била едногласно донесена на конгресот во Мексико, а од ФИВБ велат дека прифаќањето на кандидатурата на Русија е најдоброто решение за глобалниот развој на одбојката.

Русија како самостојна држава првпат ќе биде домаќин на најдобрите одбојкари, додека Советскиот сојуз двапати организираше планетарни собири. Градовите во кои ќе се играат натпреварите ќе бидат дополнително одредени.

Последното Светско одбојкарско првенство се одржуваше во Бугарија и Италија, а титулата ја освои селекцијата на Полска победувајќи го Бразил во финалето.

 

Се вчитува...