Русија ќе организира сопствени параолимписки игри

Откако руските и белоруските спортисти беа исфрлени од Зимските параолимписки игри поради агресијата на Русија над Украина, Русите во Соче ќе организираат свои игри заедно со Белорусите.

Првобитно беше донесена одлука на параолимпијадата да настапат руските и белоруските спортисти, но под неутрално знаме, но сепак ден пред свеченото отворање беше донесена одлука да не им биде дозволено да бидат дел од игрите.

Русија и Белорусија разговараат околу тоа кога ќе бидат организирани игрите, а домаќин ќе биде Сочи, градот во кој во 2014 година токму беа одржани Зимските олимписки и параолимписки игри.

Се вчитува...