Европскиот првак Русија покажа врвна класа на дербито против Словенија и славеше со 3-0 во сетови освојувајќи го првото место во групата Ц во Љубљана. Со максимален ефект од пет победи и само два загубени сета, „зборнаја“ го продолжува патот кон одбрана на титулата во нокаут фазата.
Русите првиот сет го добија со 25-21, идентично славеа и во вториот, а доминацијата ја потврдија и со одлична игра и во третиот сет (25-21), за сигурен триумф против Словенците.
Од 20.30 часот следи мечот што е многу поинтересен за нас и директно ќе одлучува дали Македонија ќе биде дел од осминафиналето. Турција ќе мора да обезбеди победа против Финска за да ја отвори вратата на осминафиналната рунда за македонските одбојкари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА