Русија на чекор до пласман на Светското првенство, Шведска шокирана во Грузија

Русија е на чекор до плсман на Светското првенство во Катар откако во претпоследното коло од групната фаза славеше со преубедливи 6-0 над Кипар. Голеадата на „Газпром Арена“ започна во 4. минута со голот на Ерокхин, а продолжи во 55, 56, 62, 82 и 87 минута за нови три бода.

Русите можат да го осигураат првото место во групата „Х“ уште вечерва доколку Хрватска ремизира или загуби од Малта.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Шведска испушти шанса да ги заследи стапките на Русија откако загуби на гостувањето против Грузија со 2-0. Грузиците поведоа во 61. минута од мечот со голот на Кваратскелија, а истиот играч донесе и двојна предност во 78. минута од мечот.

Шокантниот пораз за Швеѓаните носи шанса за Шпанија за избие на првата позиција на табелата „Б“ доколку вечерва слави на гостувањето против Грција.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Луксембург ја запиша третата победа во групната фаза откако славеше на гостувањето кај Азарбеџан со 1-3 во натпревар без резултатски императив. Откако мрежите мируваа во првото полувреме Родригез ги доведе гостите до предност во 67. минута, а 11. минути подоцна Тил ја зголеми предноста на 0-2. Салахли ја намали негативата во 83. минута, а конечниот резултат го постави Родригез во 91. минута.

Се вчитува...