Русија организира Светско првенство, ќе настапат и репрезентации од Балканот?

Русија веќе три години е во фудбалска изолација по одлуката на ФИФА и УЕФА да ја исклучи од сите натпреварувања поради војната со Украина. Додека траат политичките преговори и ситно се брои до следниот голем светски собир – Мудијалот од истокот доаѓаат изненадувачки вести.

Имено, Русија одлучи да организира паралелно Светско првенство на кое учество ќе земат репрезентации кои не успеаја да се квалификуваат за настап на главното Светско првенство.

Според информациите на светските медиуми ќе станува збор за краток турнир на кој учество ќе земат осум до 12 репрезентации. Турнирот ќе се одржи на четири различни стадиони кои се користени за Светското првенство кое Русија го одржа во 2018 година.

Некои од репрезентациите за кои се шпекулира дека ќе добијат покана за настап се Србија, Грција, Чиле, Перу, Венецуела, Нигерија, Камерун, Кина и Ерменија.

Се вчитува...