По дамите и машката штафата на Русија во крос-кантри стигна до златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. Штафетата во состав, Червоткин, Болшунов, Спитсов и Устјугов на делницата 4х10 километри стигна до победа со вкупно време од 1:54:50.7 час.
Сребрениот медал и припадна на штафетата на Норвешка во состав, Иверсен, Голберг, Холунд и Клебо која доцнеше 1:07.2 минута зад времето на победникот. Со бронзениот медал се закити француската штафета (Жуве, Лапалу, Парис и вечниот Морис Мањифика) со задоцнување од 1:16.4 минута зад времето на златните Руси.
Ова е прво злато за Русија или (СССР) од игрите во Лејк Плесид во 1980 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА