Четворица руски биатлонци од кои тројца се веќе пензионирани се обвинтеи за прекршување на допинг – правилата, соопшти Интернационалната биатлон унија (ИБУ). Имињата на спортистите на се соопштени, но се знае дека тие се поврзани со поранешната истрага на Светската антидопинг агенција.
За овој случај од ИБУ ја информирале Руската биатлонска федерација (ЦБР) која има рок од 14 дена да одговори на известувањето.
Големиот скандал го тресе рускиот биатлон од април годинава, кога австриската полиција изврши рација во ИБУ по која претседателот Андерс Бесеберг поднесе оставка под обвинение дека примил поткуп од 300.000 долари за да ги прикрива случаите со позтивните допинг резултати на руските биатлонци.
Иако официјално во случајот не се споменуваат имињата на руските спортисти кои ги прекршиле правилата, руските медиуми откриваат дека меѓу виновниците се Светлана Слепцова, поранешниот младински светски пампион Александар Чернишев и Евгениј Устјугов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА