Кошаркарската федерација на Русија планира да му понуди нов договор и да ја продолжи соработката со досегашниот селектор на националниот тим, Сергеј Базаревич. Претседателот Андреј Кириленко истакна дека е задоволен од работата на Базаревич, кој ги одведе Русите до полуфиналето на последниот Евробаскет.
Иако останаа на крајот без медал, откако во мечот за третото место загубија од Шпанија, челниците на руската кошарка сметаат дека тој е вистинскиот човек за остварување на идните цели.
„Бев загрижен по едно негово интервју, во кое истакна дека размислува за заминување. Разговаравме на оваа тема и можам да кажам дека имаме позитивни сигнали. Се уште не сме стигнале до конкретни преговори за новиот договор, иако ние сакаме да го задржиме Сергеј Базаревич на селекторската функција“, изјави Андреј Кириленко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА