Рускиот спорт се соочува со сериозна закана да го загуби правото да учестува на сите големи спортски настани откако ВАДА ја информираше руската Анти-допинг агенција дека резултатите од испитувањата правени во последните неколку месеци се некомплетни што повелкува сериозни последици.
Ако во предвидениот рок пропустите не бидат коригирани, Русја би можела да биде суспендирана од учество на Летниоте олимписки игри во Токио следната година.
„На руската агенција и дадовме рок од три седмици да ги објасни наводните промени во резултатите од московската лабораторија“ – велат од комисијата на ВАДА.
Руските атлетичари инаку и натаму се под суспензија и нема да бидат дел од претстојното Светско првенство во Доха, но сега Русија се соочува со комплетна забрана која би се оденсувала на сите спортови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА