Русија сепак нема да се жали за суспензијата од ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Русија се откажа од жалбата на суспензијата на репрезентацијата од Светското првенство во Катар, која беше воведена поради инвазијата на оваа земја на Украина.

Руската федерација се жалеше поради суспензијата, но од Судот за спортска арбитража во Лозана соопштија дека тие ја повлекле жалбата, пренесува британски „Би-би-си“.

Русија требаше да игра против Полска во полуфиналето од баражот, но поради суспензијата Полска замина директно во финалето каде беше подобра од Шведска.

Русија ќе продолжи да се бори против суспензијата од останатите спортски натпреварувања, вклучувајќи го и учеството на клубовите во европските натпреварувања.

Се вчитува...