Русија стигна до бронза на ЕП во футсал

Репрезентацијата на Русија го освои третото место на Европското првенство во футсал, кое се игра во Љубљана, Словениоја. Во малото финале, Русите беа подобри од селекцијата на Казахстан, победувајќи со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше натурализираниот играч Едер Лима, во 29.минута од натпреварот.

Јунак на мечот сепак беше голманот на Русија, Георги Замтарадзе, кој одлично бранеше на голот на „зборнаја“ и не дозволи да се тресе неговата мрежа.

Големото финале се игра вечерва во салата „Стожице“, а ќе се сретнат Португалија и Шпанија.

Се вчитува...