Светската анти-допинг федерација и изрече на Русија четиригодишна суспензија од сите големи спортски настани. Ова значи дека руското знаме и химна нема да бидат дозволени и на Летните олимписки игри во Токио слендата година и на Светското фудбалско првенство во Катар 2020 година.
Спортистите кои ќе докажат дека се чисти од допинг ќе имаат право да настапуваат како независни како што досега беше случај со атлетичарите од Русија.
Забраната нема да важи за Европското фудбалско првенство следното лето на кое Русија е еден од ко-домаќините. Ова затоа што според ВАДА, УЕФА не влегува во категоријата оргназиатори на „најголемите спортски настани“
Одлуката на Бордот на ВАДА е донесена едногласно, а доаѓа поради тоа што Руската анти-допинг агенција беше прогласена за некооперативна во истрагата спроеведена во јануари годинава.
Русиај има 21 ден за жалба на ваквата одлука. Ако се жали, спорот оди во Арбитражниот спортски суд во Лозана. Русија секако како нација беше суспендирана од големите атлетски натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА